Како резултат на нашето десетгодишно постоење , со толку различни објекти , без разлика дали станува збор за резиденцијален луксузен објект , угостителски , канцелариски простор или административна зграда , спортски објект или простор каде стого контролирани услови се бараат , Комфор Клима може да Ви понуди различни решенија , се со цел на исполнување на стандардите за секој објект . Нашите искуства ги пренесуваме на Вашите проектанти , со целосна подршка за избор на енегетски издржано решение , имплементирање на истото и одржување во и надвор гарантниот период .
Комфор Клима е застапник на Systemair Sweden и Lindab Sweden . Тоа ни дава за право да нудиме се што произведуваат овие две фирми и тоа Клима комори , дали стандардни или хигиеник , базенски комори , сите видови на дистрибутивни елементи за воздух , вентилатори за различни намени и различни температури , системи за заштита од пожар , како и дистрибуција на воздух за бели чисти соби .