Климатизација на големи објекти

Кај секој поголем објект, без оглед дали е деловен или трговски центар, производен погон, хотел и сл. или пак е резиденцијален објект, неопходно е вградување централен систем за ладење, греење и вентилација. Со нашето долгогодишно искуство на полето на климатизацијата и изведени огромен број ваков тип објекти, подготвени сме да одговориме на секое барање на инвеститорот.